Работниците од „Југохром“ против одлуката за прекин на работата од 1 јануари

Од:

Синдикатот на работниците од „Југохром Фероалојс“ од Јегуновце денеска организираше мирен собир пред влезот во фабриката. Тие сметаат дека „Југохром“ не е главен загадувач на воздухот во Тетово како што обвинија претставниците на неколку невладини организации за време на протестите пред една недела.

Според синдикатот, „Југохром“ не е главен загадувач бидејќи во последните два до три месеца  фабриката работела само со 20 отсто од својот капацитет, а концентрациите на штетните честички во воздухот повторно биле високи.

– Некој сака да ја прекине егзистенцијата на 1.060 вработени директно и индиректно на целиот регион од општина Јегуновце, но ние нема да застанеме и сакаме да се направат мерења и во Јегуновце и во Тетово и по исклучувањето да докажеме дека „Југохром“ не е загадувач, изјави Светлислав Спасовски од Синдикатот.

Претседателот на Синдикатот Бајрам Амити истакна дека не се точни и информациите оти ништо не се презема околу исполнувањето на еколошките стандарди во фабриката.
– Во план е поставувањето на филтри, иако некои велеа дека не се поставуваат. Ние сме за поставување на филтри бидејќи кога ќе се постават еднаш засекогаш ќе се реши проблемот, рече Амити.

Доколку резултатите од мерењата на воздухот за периодот додека не работи фабриката повторно покажат висок степен на загаденост, работниците најавија помасовни протести.

Од Управата на „Југохром“ вчера информираа дека иако остануваат на ставот дека фабриката не е најголемиот загадувач во регионот, решиле доброволно да ја запрат работата почнувајќи од 1 јануари до крајот на февруари и оти паралелно со прекинот ќе продолжат со планираните и веќе договорени активности за воведување на системот за отпрашување во законскиот рок.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска