Работници од „Бетон“ не дозволија опозицијата да засади дрво

Од:

На кандидатите на Сојузот за иднината за градоначалници на Скопје и на Центар, Макрадули и Жерновски, и на членови и симпатизери на СДСМ, работниците од фирмата „Бетон“ им попречија да засадат дрво на местото каде што некогаш беше парк, а пред извесен период дрвата беа исечени.

Просторот пред хотелот „Бристол“ сега е градежен терен, каде што ќе почне изградбата на административна десеткатница во која ќе се сместат 7 државни институции, зграда на ЕЛЕМ и катна гаража. Граѓаните жестоко се спротивставија на уништување на зелените површини и градење на административна зграда, но мнозинството во Општина Центар, во ноќните часови ја изгласа одлуката за градење.

Работниците од „Бетон“ со параван им го затворија влезот на претставниците на опозицијата, која со транспаренти  „Гас маски за секое дете“ и „Не сакаме сивило, сакаме паркови и зеленило“ протестираше против урбаната мафија и самоволието на власта.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он