Работната средба на претседателката на Уставниот суд, Кацарска и министерот Маричиќ

Од:

Решавањето поголем број прашања поврзани со функционирањето и работата на Уставниот суд беше тема на разговор на работната средба на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Како што соопшти Уставниот суд, Кацарска и Маричиќ размениле мислења за начините за обезбедување целосна функционална независност и самостојност на Судот, унапредување на сегашниот систем на уставно-судска заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, овозможување буџетска и административна самостојност и унапредување на статусот на уставните судии по примерот на повеќето споредбени решенија во регионот и Европската унија.

Министерот Маричиќ, како што се наведува во соопштението, бил запознаен со „просторните услови во кои работат судиите и службата и одредени проблеми во врска со ова, а со кои Судот секојдневно се соочува“.

Заеднички било констатирано дека Уставниот суд како врвна институција на Републиката која има задача да ја штити уставноста и законитоста, но и слободите и правата, мора да има приоритет во решавањето на сите овие предизвици.

Притоа, од страна на претседателката на Уставниот суд биле презентирани и можни решенија за сите прашања за кои било разговарано, кои од страна на министерот Маричиќ биле поздравени и била изразена подготвеност да се започнат одредени активности во насока на надминување на сите постојни пречки во работата на Судот.

Би можело да ве интересира

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Кацарска: Одржани рекорден број седници и примени 210 иницијативи