Работна средба за реализација на прекуграничниот проект „Дримски басен“

Од:

Македонските претставници кои се вклучени во реализацијата на прекуграничниот проект за Дримскиот басен задутре во Охрид ќе одржат работна средба на која ќе се разговара за проблематичните точки во управувањето со Басенот, како и за моменталните состојби и влијанија.

На средбата, на која ќе учествуваат претставници од владините институции надлежни за управувањето со водените ресурси, јавните претпријатија, општините, научните установи и граѓанскиот сектор, ќе бидат идентификувани заинтересираните страни кои влијаат или трпат влијанија од прекуграничното управување со Дримскиот басен.

Дримскиот проект е сложен процес за управување на водените ресурски, осмислен да ги балансира интересите на многу сектори. Истовремено, тоа е и силен политички процес со учество на пет држави од регионот.

Главните цели на проектот се изготвување на Прекугранична дијагностичка анализа на Басенот, изготвување Стратешки акциски план и развивање на заедничка платформа за соработка, заеднички мониторинг систем, систем за управување со поплавите и пилот-проекти, меѓу кои и изработка на План за управување со сливот на Охридско Езеро.

„Дримскиот проект“ активно отпочна со имплементација во мај годинава со поддршка на Програмите за развој на ОН и Глобалното партнерство за води како директен спроведувач на Проектот, со учество на институциите од државите од Сливот застапени во „Дрим-Кор групата“ и експертски работни групи.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Албански државјанин се удави во Ораховачко Езеро

Момче се удави во езеро во Хрватска

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ