Работна група ќе ги утврдува аномалиите на Законот за извршување на санкции

Од:

Со цел да се надминат сите состојби кои се однесуваат на т.н „затворски туризам” односно начинот на упатување на осудените лица на казна затвор како и други проблеми и решенија кои се во насока на усогласување на Законот за извршување на санкциите со меѓународните стандарди од областа на извршувањето на санкциите, Министерот за правда со решение уште од 16.06.2022 година формира работна група задолжена да работи на измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите.

Работната група започна со својата работа на 07.07.2022 година а на состанокот беа разгледани повеќе предлози доставени од надлежни институции. Беше утврдена и динамиката на работа на работната група а се дадоа и задолженија со цел обезбедување на податоци кои ќе бидат неопходни на работењето за следниот состанок.

Доставени се барања до сите основни судови и судови со проширена надлежност на РСМ со цел да дадат свои конкретни предлози во однос на примената на Законот за извршување на санкциите, примената на институтот условен отпуст на осудени лица, прекин на казна на осудени лица и др. Во моментов стручните служби на Министертсвото за правда и Управата за извршување на санкциите работат на прибирање и обработка на овие податоци.

Би можело да ве интересира

Министерство за правда: Граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги

А1он

Реакција на Министерството за правда за штрајкот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги

Тупанчески тврди дека фактурата за сместувањето ја добил на 24. март пред да отпатува, а тогаш бил втор ден во Палермо

Тупанчески и натаму контра Етичкиот кодекс: За Палермо тврди дека платил сам, ама докази нема

Тупанчески не покажува како е платено навивањето во Палермо, Фетаи не одговара како стигна до ВИП-ложа

Кристијан Ландов

Правда ја смени спорната формулација „негативнo мислење’ во Законот за навреда и клевета

Катерина Павлова-Николовска