Работна група ќе ги утврдува аномалиите на Законот за извршување на санкции

Од:

Со цел да се надминат сите состојби кои се однесуваат на т.н „затворски туризам” односно начинот на упатување на осудените лица на казна затвор како и други проблеми и решенија кои се во насока на усогласување на Законот за извршување на санкциите со меѓународните стандарди од областа на извршувањето на санкциите, Министерот за правда со решение уште од 16.06.2022 година формира работна група задолжена да работи на измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите.

Работната група започна со својата работа на 07.07.2022 година а на состанокот беа разгледани повеќе предлози доставени од надлежни институции. Беше утврдена и динамиката на работа на работната група а се дадоа и задолженија со цел обезбедување на податоци кои ќе бидат неопходни на работењето за следниот состанок.

Доставени се барања до сите основни судови и судови со проширена надлежност на РСМ со цел да дадат свои конкретни предлози во однос на примената на Законот за извршување на санкциите, примената на институтот условен отпуст на осудени лица, прекин на казна на осудени лица и др. Во моментов стручните служби на Министертсвото за правда и Управата за извршување на санкциите работат на прибирање и обработка на овие податоци.

Би можело да ве интересира

МП: Протестот е демократско право, но загрижува улогата на опозициска партија и обидот за манипулација

А1он

„Не го допирајте законот за јазиците“, порака од протестот за полагање правосуден на албански

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Катерина Ѓуровски

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Министерството за правда бара партиите и независните групи да номинираат претставници за работната група за Изборниот законик