Работилница за заштита на културното наследство од пожари

Од:

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС во Македонија, денеска организира работилница „Превентивна заштита од пожар на дрвени конструкции и елементи“.

Според експертите, недвижното културно наследство во минатото, сегашноста и иднината било, е и ќе биде изложено на природни и од човекот предизвикани оштетувачки фактори.

– Сведоци сме на големите пожари кои се случија неодамна во Бигорскиот манастир и манастирот Трескавец, кога тотално изгореа дрвените елементи и конструкции на конаците и другите простории, а за среќа, вредните сакрални објекти беа поштетедни од огнената стихија. Токму тие два настана, кои беа забележани од целата домашна и светска стручна јавност, го поттикна конзерваторскиот еснаф, вклучен во националниот комитет на ИКОМОС, активно да се вклучат во дизајнирање, прво на превентивни, а потоа и завршни чекори, за заштита и спасување на дрвените конструкции и елементи на недвижното културно наследство од пожар, велат организаторите.

Работилницата ќе се задржи на факторот за појава на пожар, кој може да биде предизикан и од природата (гром) или од човекот  (нередовно и неквалитетно одржување на објектите и дефект на техничките помагала)  или од глодарите.

Би можело да ве интересира

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски