А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Работилница за Националниот акционен план за борба против опустинување

by А1он29/10/2014 - 15:16356
Share0

Националниот акционен план за борба против опустинување (НАП) ќе даде детален опис на состојбата со деградација на земјиштето и опустинувањето во државата, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски на работилницата за презентирање на наодите од предлог верзијата на НАП, што вчера и денеска се одржува во Кавадарци.

Добивај вести на вибер

Темелковски подвлече дека акцискиот план ќе овозможи да се постават приоритети и акциска програма на мерки за справување со деградација на земјиштето, да се направи економска анализа, да се идентификуваат и инволвираат засегнатите страни и да се вклучи јавноста во справувањето со опустинувањето и ефектите од суша. Тоа, додаде, ќе овозможи и идентификација на меѓународните обврски на државата од областа опустинување, деградација на земјиштето и ублажување на ефектите од суша.

Опустинувањето и деградацијата на земјиштето, заедно со климатските промени и загубата на биолошката разновидност, според Темелковски, се најголеми предизвици со кои се соочува одржливиот развој.

На работилницата ќе се прецизираат и идентификуваните мерки, активности и приоритети за справување со деградација на земјиштето, како и активно вклучување на јавноста и засегнатите страни во процесот на изработка на документот.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Поддршка на Република Македонија за изработка на Национален акционен план (НАП) усогласен со 10-годишната стратегија на Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (УНЦЦД) и процесот на известување согласно УНЦЦД“.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен