Работилница за компјутерска сигурност и заштита на личните податоци

Од:

Дирекцијата за заштита на личните податоци и инструментот на Европската унија TAIEX денеска организираат меѓународна работилница од областа на информациската сигурност, која се однесува на тимови за брза реакција во врска со компјутерската безбедност и заштитата на личните податоци.

На дводневната работилница е најавено учество на експерти од Холандија, Австрија, Шведска, Бугарија и од Советот на Европската унија.

– Тие ќе говорат за предностите од воспоставувањето тимови за брза реакција во врска со компјутерската сигурност и заштитата на личните податоци, предизвиците со кои овие тимови се соочуваат, категориите на личните податоци кои овие тимови ги обработуваат, но и за улогата на органите за заштита на личните податоци, соопшти организаторот.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

Орце Костов

Од соседите, а не од Грција, ќе зависи дали ќе може да се патува со лична карта без „северна“

Орце Костов

Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко