Работилница за кибернетичката одбрана на Балканот

Од:

Од денеска до 19 март во Скопје ќе се одржи напредно – истражувачка работилница насловена „Поттикнување на свеста во областа на кибернетичка одбрана на Балканот“.

Работилницата е спонзорирана од НАТО програмата – Наука за мир и безбедност, а ја реализираат Младинскиот клуб на Бугарскиот евроатлантски клуб и Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир од Македонија.

Главната цел на работилницата, како што соопштија организаторите, е да го зголемиме нивото на свеста во областа на кибернетичка/сајбер безбедност и одбраната, како и значењето на создавање стратегија, рамки и агенции кои ќе се справуваат со секојдневните закани во
кибернетичкиот простор во регионот.

Фокусот на работилницата се заеднички и познати кибернетички закани во Западен Балкан, важноста на тимовите за итен одговор и одговор на компјутерски инициденти, агенции, стратегии и рамки во областа на кибернетичката безбедност, како и за комплекстноста на хибридните војни и социјално – човечките фактори и напредно постојаните закани. Во тој контекст ќе биде презентиран балтичкиот пристап кон зголемување на кибернетичката свест.

Организаторите изразуваат надеж дека токму овој настан ќе биде иницијатива за формирање група за Балканско кибернетичка одбрана, чија главна цел ќе биде да споделува и разменува знаења, експертизи и практика. Очекуваниот ефект е не само да се зголеми свеста кај власта, јавниот и приватниот сектор, туку и да има социјална намена, за корисници кои секојдневно ги користат услугите на кибернетичкото пространство.

Клучните предавачи и учесници на работилницата се од академските, државните, социјалните друштва и познати експерти од регионот и пошироко со децениско искуство во областа на кибернетичка безбедност, кибернитичка војна и безбедност на информациите.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски