Работилница за фундаментални права во Македонија

Од:

Секретаријатот за европски прашања со поддршка на Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ) денеска одржа работилница за фундаментални права во Република Македонија.
Како што соопшти СЕП, на работилницата учествуваа претставници од граѓанските организации, а свои воведни обраќања имаа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашња Фатмир Бесими, заменик амбасадор во Амбасадата на Сјузна Република Германија во Македонија Ханс Хелге Сандер и директорот на ГИЗ канцеларијата во Македонија, Џејмс Макбет.

СЕП поддржан од страна на Проектот на германско-македонската билатерална соработка “Поддршка на Секретаријатот за европски прашања” спроведен од ГИЗ ја анализираше националната институционална поставеност во областа на фундаментални права. Резултат од оваа анализа е мапирање на сите национални чинители вклучени во областа на темелните права, нивните надлежности, како и идентификување на постоечките координативни структури во оваа област. Оваа анализа, се наведува, претставува основа за отпочнување на длабинска анализа за утврдување на нивото на усогласеност со ЕУ.

– Имајќи ја предвид важноста на фундаменталните права како и фактот дека новиот пристап во преговорите се фокусира на поглавјата 23 и 24, но и фактот дека станува збор за една обемна материја која е дефинирана во многу закони, стратегии, надлежностите се портфолијата на голем број институции, а многу често има и споделена надлежност, го инициравме и спроведовме овој процес на анализа на националната институционална поставеност во областа на фундаментални права,  со цел да добиеме појасна слика за целокупниот механизам и да видиме каде има потреба за унапредувања во законската и институционална рамка, истакна вицепремиерот Бесими во своето обраќање.

Целата на оваа работилница е презантирање на  резултатите од досегашните активности во насока на идентификување на  националната структура за фундаментални права, како и  размена на  информации, мислења, искуства и предлози за подобрување на координативните структури и мониторинг механизмите.

Денешната дебата е  чекор поблиску до втората фаза од овој проект, кога ќе може да се  продолжи со длабинската анализа во сите наведени области од фундаменталните права, или селекција на оние области на  кои ќе треба да се задржи фокусот  во наредниот период, стои во соопштението од СЕП.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза