Работилница: Новинарите да ги почитуваат човековите права

Од:

Новинарите да ги почитуваат човековите права и етичките норми и да се воздржат од дискриминација и говор на омраза посебно кон маргинализираните заедници како што е ЛГБТ, заклучија учесниците на тридневната едукативна работилница „Слободни и еднакви/Инклузивно известување за човековите права и различности“ што се одржа во Велес.

Предавачите на работилницата укажаа дека некои медиуми во земјава ги прекршуваат основните човекови права, посебно кон маргинализираните заедници, ширејќи говор на омраза и дискриминација. Притоа, заеднички беше констатирано дека е неопходен систематски ангажман на регулаторните и саморегулаторните тела за воспоставување пристојност во продукцијата на теми поврзани со ЛГТБ заедницата.

Според Марина Тунева од Институтот за комуникациски студии и директор на Советот за етика во медиумите, медиумите имаат многу важна улога во менувањето на перцепциите и градењето на ставовите на јавноста околу значајни прашања од јавен интерес.

– Новинарите во своите медиумски написи треба да помогнат да се надминат некои видови информирања што не се пожелни, кои значат стереотипизирање на ЛГБТ популацијата во земјава. Тоа значи да не известуваат со ограничени извори на информации, изборот на теми да биде поширок и да не биде сервисно информирање само од настани што ги организирале организации или коалициите што ги штитат правата на овие лица, туку да отворат посодржајни теми, посочи Тунева.

Ирена Цветковиќ, пак, од родовите студии и претставник на Коалицијата „Маргини“, смета дека новинарите, како дел од граѓанското општетство, треба заедно со невладиниот сектор да работат на демократизација на општеството.

– ЛГБТ заедницата е една од различностите, а ова општетство не е доволно инклузивно кон овие луѓе, но ние како држава некои чекори правиме, истакна Цветковиќ.

Извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски за наредниот месец најави печатење етички прирачник за етичко известување поврзано со ЛГБТ заедницата достапен на сите јазици за новинарите во земјава.

На работилницата беше најавена и регионалната конференција за правата на ЛГБТ заедницата што треба се одржи од 3 до 6 октомври во Скопје.

Работилницата ја организира ЗНМ во соработка со УНДП.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата