Работилница на ЗНМ и УНДП за известување на теми поврзани со родовите и сексуалните малцинства

Од:

Здружението на новинари на Македонија во соработка со УНДП во Велес одржуваат работилница за новинари на тема Слободни и еднакви/Инклузивно известување за човековите права и различности.

Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Маргини“ информира дека целта на оваа работилница е новинарите да се запознаат со медиумското покривање на теми кои се однесуваат на родовите и сексуалните малцинства.

– Целта ни е ние како граѓански организации заедно со медиумите да придонесеме кон поинклузивно, демократско известување во медиумите особено кога се известува за теми поврзани со ЛГБТИ или други маргинализирани групи во заедницата. Ние од Коалицијата „Маргини“ силно веруваме дека медиумите се нашиот клучен партнер во нашата цел, а тоа е менување на општеството и градење на демократско општество, чиишто принципи почиваат на слобода и еднаквост за сите, појаснува Цветковиќ.

Медиумите се важни партнери, додаде таа, во демократизација на општеството преку известување за различни луѓе за различностите, но и преку воздржување од употреба на говор на омраза, дискриминаторски или исклучувачки говор.

Цветковиќ оцени дека во последно време состојбата со известување за овие проблеми е малку подобрена.

– Тоа се однесува за тоа како медиумите известуваат за различностите или за ЛГБТИ заедницата, но тоа е сепак многу споро. Ова подобрување на известувањето треба да оди со многу поголеми чекори во таа смисла во некоја поклучна промена и да имаме многу помалку застапеност од радикален говор на омраза. Меѓутоа, можам да заклучам дека сеуште постои дискриминаторски одговор или игнорирањето на овие теми како неважни за медиумите сеуште постои, смета Цветковиќ.
Таа им порачува на новинарите дека темите за човекови права, еднаквост, слобода, недискриминација, маргинализирани заедници и слично се човечки и секојдневни теми кои треба да имаат еднаква тежина, како и крупните политички теми: корупција, избори и слично.

– Затоа наша цел е да ги научиме медиумите да се интересираат и за овие теми. Од друга страна ако се интересираат за нив тие при пишувањето да не дискриминираат, да не повредуваат и навредуваат и да не исклучуваат одредени заедници коишто и онака се маргинализирани во едно општество, им порача на новинарите Цветковиќ.

Проф. д-р Марина Тунева од Институтот за комуникациски студии и директор на Советот за етика во медиумите и предавач на работилницата, за МИА појасни дека целта на овие предавања е пред се да направи една дистинкција меѓу поимите инклузивност, различности и како сето тоа да биде застапено во медиумското известување на вистинскиот начин.

– Сето тоа бидејќи многу често забележуваме несоодветно третирање на различностите во медиумското известување или дури има и стереотипи од различен вид во тоа известување, да се избегнуваат теми кои се врзани со различностите, па дури и да се присутни предрасуди и дискриминација, потенцира Тунева.

Таа појаснува дека новинарите на работилницата ќе учат да ги препознаат тие матрици на стереотипно дискриминаторно критизирачко известување, но и кои начини да ги користат овие теми на различностите и тие теми да добијат поголема афирмација. Воедно да се фокусираат и на новинарските известувања за ЛГБТИ заедницата, проблемите што се јавуваат во медиумското известување и како да се препознаат прашањата кои се од јавен интерес и како тие на вистински начин да бидат пласирани во медиумите.

– Воедно ние низ практична работа и низ дискусија со невладините организации ќе се заложиме за воведување на иновативни пристапи во инклузивното известување и да го смениме начинот на кој сега се информира за тоа. На крај од работилницата очекуваме дека ќе постигнеме едно заедничко разбирање со учесниците што е иновативен пристап во известувањето и како да се препознаат и афирмираат различностите, потенцира Тунева.

Таа најави и изработка на прирачник, кој биде резултат на личните сугестии на новинарите.

– Сето тоа бидејќи тоа се колеги кои работат на терен и најдобро познаваат како медиумите, како нивната моќ може да биде искористена за тие да информираат пообјективно и попрофесионално и поинклузивно за различностите, појаснува Тунева.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје