Работилница „Ефективно управување со кризна комуникација“

Од:

Во организација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија денеска во Охрид почна тридневната работилница „Ефективно управување со кризна комуникација“, наменета за потребите на службите во МВР задолжени за односи со јавноста.

Целта на работилницата е преку интерактивен пристап, различни примери, симулации и дискусија да се приближат и појаснат повеќе аспекти, особено фокусирајќи се на психологијата на комуницирање за време на криза и улогата на портпаролот во кризни околности.

– Сензибилноста на кризните околности е сериозен предизвик за која било институција, затоа што во основата на секоја криза лежи прашањето за безбедноста, независно дали станува збор за безбедноста на граѓаните, на материјалните добра или на општеството во целина, изјави Иво Котевски.

На работилницата ќе бидат опфатени повеќе прашања, како управувањето и дистрибуцијата на критични и чувствителни информации, начини на работа во ургентни околности, за правните аспекти и можните импликации при соопштувањето информации во критични ситуации. Предвидено е да биде реализирано и сценарио со симулација на вонредни околности.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР