Работен состанок на Арнаудовска со претседателот на Комората на извршители

Од:

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска денеска одржа работен состанок со претседателот на Комората на извршители на Република Македонија, Зоран Петрески.

На состанокот биле разгледани можностите за воспоставување поинтензивна и директна соработка меѓу Академијата и Комората на извршители на Република Македонија која ќе се официјализира и со потпишување меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Како што е наведено во денешното соопштение на Академијата, во рамките на меморандумот ќе бидат опфатени заеднички активности на Академијата и Комората од кои дел ќе се реализираат преку организација на заеднички обуки и семинари кои ќе бидат посветени на теми поврзани со надлежностите на судиите, јавните обвинители и извршителите, со посебен акцент на Законот за извршување и дилемите со кои се соочуваат извршителите во својата секојдневна работа.

Соработката помеѓу двете институции ќе опфати размена на едукатори, аплицирање заеднички проекти кои ќе бидат од интерес како за судиите и јавните обвинители, така и за извршителите во Република Македонија, како и развивање е-леарнинг модули за обука на судиите, јавните обвинители и извршителите од области кои се во рамки на нивното професионално делување.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

Орце Костов