Quick fix politix: Не заборавај за ДПМНЕ!

Од:

На страната Quick fix politix, објавени се, како потсетник, 50 настани кои што се случија во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве што, меѓу другото не смее да се заборави:

  1. Не заборавај дека Гордана Јанкуловска не поднесе оставка кога до смрт беше претепан Мартин Нешковски
  2. Не заборавај дека Иво Котевски и МВР пробаа да го прикријат убиството на Мартин Нешковски
  3. Не заборавај дека она што ДПМНЕ го нарекуваат странски директни инвестиции се всушност работни кампови субвенционирани од државата
  4. Не заборавај на окупацијата на медиумскиот простор
  5. Не заборавај на затворањето на Кежаровски
  6. Не заборај ја смртта на Никола Младенов
  7. Не заборавај го судењето на новинари поради “нанесената душевна болка” на политичари
  8. Не заборавај го тепањето на активистите од Плоштад Слобода
  9. Не заборавај на патните трошоци на Бонева air
  10. Не заборавај ги сите млади луѓе кои се одселија од Македонија за да можат да најдат работа и да живеат пристоен живот, а чиви работни позиции беа пополнети од партиски плакатолепачи
  11. И не заборавај на болката на родителите чии деца живеат на друг континент
  12. Не заборавај ги сите пари потрошени на капмањи кои директно се мешаат во нашата матка
  13. Не заборавај го именувањето на лица за министерска позиција кои завчера излегле од градинка
  14. Не заборавај го државниот рекет кој е насловен како закон за хонорари
  15. Не заборавај на неспособноста да се направи попис
  16. Не заборавај го Пустец
  17. Не заборавај ги трите изборни круга и покрај тоа што вољата на народот “Жерновски повеќе од Тодоровиќ” беше јасно изразена
  18. Не заборавај на дебаклот со МАНУ
  19. Не заборавај го учебникот по граѓанско кој не учи на послушност
  20. Не заборавај ги лошите реформи во средното образование кои се користат за пресметка со професорите – неистомисленици
  21. Не заборавај ги уште полошите реформи во високото образование кои повторно се користат за пресметка со професорите – неистомисленици
  22. Не заборавај го намалувањето на квалитетот на високото образование преку вработување на партиски плакатолепачи како академски кадар
  23. Не заборавај како високи и ниски функционери и плакатолепачи на ДПМНЕ “завршија” факултет
  24. Не заборавај дека Латас е доктор на науки, а Урко магистер
  25. Не заборавај го етикетирањето и демонизирањето на сите неистомислениците
  26. Не заборавај го организирањето на сите контра-протести
  27. Не заборавај на намерата за силување на Охрид со Субрата Рој како главна порно улога
  28. Не заборавај дека македонските работодавачи се ставени во понеповолна позиција во однос на странските инвеститори
  29. Не заборавај го милиончето на Ивона Талевска
  30. Не заборавај го А4 форматот на Миле Јанакиевски
  31. Не заборавај дека немаше оставка после давењето на бугарските туристи
  32. Не заборавај ги сите испади на Хорхе и ноншалантното потпишување на закони
  33. Не заборавај на исфрлањето на опозицијата од парламент на 24-ти декември
  34. Не заборавај на малечката Тамара и уште повеќе непонесувањето на одговорност на одговорните
  35. Не заборавај на Скопје 2014 и целиот барок-шут
  36. Не заборавај како се мобилизираа сите луѓе со price tag на достоинството да ги бранат криминалците, како Латас, Мирка, Јанко, Боцевски, Каракамишева, Миленко, Сарма, Влајко итн.
  37. Не заборавај како преку ноќ Васко Наумоски стана професор на Правен Факултет
  38. Не заборавај на легалниот рекет кој се спроведува преку УЈП. Народната е “мора да ги најдеме грешка, еве ќе ја пишеме помалата”
  39. Не заборавај на националистичкиот дискурс
  40. Не заборавај на изедначувањето на државата со партијата
  41. Не заборавај на сите “испитувања на јавното мислење” од Павел Шатев
  42. Не заборавај на огромната јавна администрација и кој се тоа се вработува таму
  43. Не заборавај на “15 гласачи на список”
  44. Не заборавај ги сите кои трпеле закани за да не излегуваат на граѓански протести
  45. Не заборавај на селективната правда, селективната примена на законите, кршењето на Уставот и непочитувањето на презумцијата на невиност
  46. Не заборавај на оние граѓани кои се вработиле за време на Југославија на свои 19 години и на кои постојано им е зголемена законската граница за стекнување со право на пензија. Овие луѓе едвај имаат душа да се движат, но мора да работат за да има администрацијата од каде да зема плата
  47. Не заборавај на тенденциозното дезинформирање, спинување и оглупување на народот со емисиите, вестите и сериите кои се емитуваат на медиумите на ДПМНЕ
  48. Не заборавај го игнорантскиот однос на владата кон вољата на народот
  49. Не заборавај го криминалот за кој сеуште не сме ни свесни дека постоел, но сме го чувствувале кога драматично го намалувал квалитетот на нашиот живот
  50. Не дозволувај за 3 дена да се заборават прислушувањата

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот