А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Путин потврди дека со Порошенко утврдиле план за решавање на ситуацијата во Украина

by А1он03/09/2014 - 15:4966
Share0

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека денеска со неговиот укрински колега Петро Порошенко разговарале телефонски и утврдиле план за решавање на ситуацијата во Украина.

Добивај вести на вибер

– Планот се состои од седум точки, истакна Путин за време на својата посета на Монголија.

Рускиот претседател увери дека е на многу блиски позиции со Порошенко за тоа како да се реши конфликтот во Украина.

– Со цел да прекинат крвопролевањата и стабилизирање на ситуацијата во југоисточниот дел на Украина, сметам дека двете страни треба итно да се согласат и координирано да ги спроведат идните дејствија, потенцира Путин.

Тој додаде дека украинските власти и проруските сили во источниот дел на земјата можат до петок да постигнат конечен договор по ова прашање, во рамки на Контакт групата.

Путин ја повика украинската армија да ја прекине операцијата против сепаратистите, а бунтовниците да го запрат своето насилство во областите Доњецк и Луганск. Меѓу другите чекори за решавање на конфликтот се размена на заробеници, воспоставување хуманитарен коридор за бегалците и испорака на хуманитарна помош.

– Една од предложените мерки предвидува целосна и објективна меѓународна контрола за почитување на условите за прекин на огнот и мониторинг на ситуацијата во безбедносната зона, која ќе биде создадена, нагласи шефот на руската држава.

rusijaukraina

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:19

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Горан Наумовски10/04/2026 - 21:26

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:59

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:58

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Горан Наумовски10/04/2026 - 17:24

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Горан Наумовски09/04/2026 - 22:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто