А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пуштена во употреба реновираната библиотека „Стале Попов“-Скопје

by А1он09/11/2015 - 12:53765
Share0

Во рамки на одбележувањето 70 години од постоењето на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, денеска во употреба пуштена е реновираната библиотека „Стале Попов“.

Добивај вести на вибер

В.д. директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Гордана Петревска истакна дека библиотеката е реновирана со средства од Град Скопје. Информира дека библиотеката не работела шест месеци заради реконструкцијата. Во просек, како што рече, годишно се издават шест илјади книги и има од 460 до 500 читатели.

– Оваа библиотека е отворена првпат во 1961 година. Се почнало со книжен фонд од 3.000 книги и 300 читатели. Во 1963 година библиотеката настрадала во земјотресот. Вработените од „Страшо Пинџур“, чиј клон е библиотекава, ги собрале книгите и под еден голем шатор ги ставиле пред зградата и така библиотеката работела до доцна во зимата, потсети Петревска.

Таа потсети дека библиотеката „Страшо Пинџур“ од отворањето до 1971-72 била детска, наменета за ученици, со лектирни изданија и со други соодветни наслови кои биле прилагодени за возраста.

– Во 1972 година веројатно за да се зголеми бројот на читателите, почнал да се набавува фонд и за возрасни и почнале да се зачленуваат возрасни читатели, рече Петреска.

Утре е предвидено пуштање во употреба на реновираната бибиотека „Карпош“, а утревечер со почеток во 19 часот ќе има „Вечер на читателите“. В среда на пладне ќе има средба со пензионерите.

Свеченото одбележување на јубилејот ќе биде в четврток, 12 ноември во библиотеката, каде е предвидено да се обрати в.д. директорката Гордана Петревска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Проф. д-р Виолета Мартиновска ќе ја промовира монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје“. Ќе бидат доделени пофалници на истакнати работници и плакети на Град Скопје и на Министерството за култура.

Бибилотеката  „Браќа Миладиновци“ почнала со работа на 15 ноември 1945 година. Организациски во моментов располага со една матична куќа, три централни „Цветан Димов“, „Страшо Пинџур“ и „Другарче“ и 14 клона. Има и подвижна билиотека која ги опслужува училиштата, пред се во руралните средини каде нема библиотеки.

biblioteka

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

А1он08/04/2025 - 20:56

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:1718/12/2024 - 17:07

Се зголемува книжниот фонд на кочанската библиотека „Искра“

Наум Локоски22/05/2017 - 16:01

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележа 70 години постоење

Ана Ололовска12/11/2015 - 14:53

Седумдесет години библиотека „Браќа Миладиновци“

Ана Ололовска12/11/2015 - 08:27

Пуштање во работа на реновираната библиотека „Карпош“

Ана Ололовска10/11/2015 - 08:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен