Пуштена во употреба нова спортска сала во Делчево

Од:

Со пригодна свеченост денеска е пуштена во употреба новата спортска сала на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Делчево во рамките на проектот „Изградба на 145 училишни спортски сали во Македонија“.

Изградбата на 145 спортски сали отпочна 2009 година и претставува проект со трајна вредност, кој ќе биде спомен на денешните и генерациите што доаѓаат. Изградбата носи новини, напредок, нова сила и енергија, рече министерот за образование и наука Панче Кралев на свеченоста по повод предавањето во употреба на спортската сала.

Салата е со корисна површина од 650 метри квадратни и е изградена според најновите стандарди за ваков тип објекти, со енергетска ефикасност, сигурност и квалитет на вградените материјали. Во изградбата на новата спортска сала во Делчево се инвестирани 24 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Република Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Новиот спортски објект ќе го користат не само 712 ученици на ова училиште, туку и спортските екипи од градот и Општината. Тој располага со гардероби, туш-кабини, посебни простории за наставниците и други помошни простории.

Верувам дека со отворањето на новите спортски објекти, создаваме услови за откривање нови таленти, во разни спортски дисциплини, идни освојувачи на медали, кои достојно ќе го промовираат Делчево и Република Македонија во меѓународни рамки, истакна министерот Кралев.

На свеченото пуштање во употреба на салата присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски