Пуштена во употреба модернизираната хидроелектрана „Вруток“

Од:

На пригодна свеченост и во присуство на министерот за економија Беким Незири, генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, претставник на амбасадата на Германија, беше предадена во употреба модернизираната хидроелектрана Вруток, со што беше означен и крајот на втората фаза од проекот за ревитализација на хидроцентралите.

Во своето обраќање, Бошковски нагласи дека овој проект, вреден 36,6 милиони евра, започнал лани.

– Со овој проект, зголемена е и инсталираната моќност за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство на околу 50 гигават часови електрична енергија. Токму модернизацијата на ХЦ „Вруток“ е една од најзначајните сегменти. За година и половина, ревитализирани се сите четири агрегати и пропратна опрема. Придобивките се зголемена моќност со иста потрошувачка на вода, ефикасноста и продолжување на работниот век за наредните три децении, рече Бошковски.

Министерот за економија Беким Незири, искажа благодарност во името на Владата на Република Македонија, до сите кои дале придонес за успешно реализираниот зафат.

– Се чувствувам горд од успешната реализација и што ваква инвестиција, во шестте електрани не е направена во изминативе дваесет години. Ова особено заради фактот што, крајна корист ќе имаат граѓаните и другите корисниците. Ваквите проекти и натаму ќе ја добиваат поддршката на владата и министерството, рече Незири.

Во проекотот за ревитализација и модернизацијата на системот АД ЕЛЕМ вложи сопствени 9.5 милиони евра, а преостанатите 27, 1 се обезбедени преку заем од германската КфВ Банка. Зафати за обнова и реконструкција се направени на браните и централите во Маврово, Леуново, Глобочица, Шпиље, Тиквеш, Козјак и Св Петка.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

A1on

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

А1он

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Ана Ололовска

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Ана Ололовска