ХЕЦ Глобочица започна со чистење на коритото на реката Црн Дрим

Од:

Екипи на Хидро-електричната централа „Глобочица“ деновиве ја спроведуваат акцијата за чистење на речното корити на Црн Дрим во Струга.

Оваа активност се спроведува заради огромните реси кои излегуваат над површинската вода на реката, а околу себе го задржуваат и цврстиот отпад што се фрла во реката и создава непријатна слика за минувачите.

Според директорот на Централата „Глобочица“ Тони Маркоски, чистењето на реката не е во нивна надлежност, но сепак, како што вели, тоа го прават како општествено одговорна компанија.

– За користење на водата ние плаќаме одреден надоместок на државата, но чистењето на речното корито не е наша законска обврска. Тоа го правиме како општествено одговорна компанија која ја покажува грижата кон граѓаните. Вработените ги отстрануваат големите реси со српови. Се работи за биоразградлив отпад кој не е пријатен за гледање, вели Маркоски.

Тој додава дека ваквата акција, ХЕЦ „Глобочица“ ја спроведува со години наназад, а во 2002 година како прв човек на Централата заработил и кривична пријава затоа што го исчистил коритото од големите реси.

– Пред 12 години против мене како директор беше поднесена кривична пријава заради тоа што тогаш ја исчистив ресата од Црн Дрим. Јавното обвинителство сметаше дека чистиме нешто што не е во наша надлежност, но ние продолживме со акцијата и натаму зашто ако го оставиме коритото обраснато со реси, ќе се загади целиот град, појаснува директорот Маркоски.

Големите реси во реката Црн Дрим претставуваат и голема опасност по безбедноста на капачите кои во текот на летото ја користат реката за капење и рекреација, па дури скокаат и од мостовите над неа.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

А1он

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Ана Ололовска

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Ана Ололовска