Долго очекуваниот оддел за интензивна нега на Детска клиника од денеска почнува со работа

Од:

Од денеска почнува со работа реновираниот оддел за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести наменет за згрижување на најтешко болните деца. Одделот рапослага со капацитет од 21 кревет од кои 16 се со респиратори.

-Одделот за интензивна нега ќе работи со истиот капацитет како и досега, со можност да се зголеми со нови вработувања на медицински персонал, со што ќе се испочитуваат високите стандарди на згрижување на најтешко болните деца, со што ќе се гарантира безбедност на пациентите, велат од министерството за здравство.

На реновираниот оддел за интензивна нега ќе работат осум лекари, што според директорката на Детската клиника , д-р Катерина Ставриќ е доволно , но недостасува останатиот медицински кадар, вели таа.

-Детската клиника кубури со медецински персонал. За да може оптимално да работи интензивната нега недостигаат најмалку уште 15 медицински сестри, смета д-р Ставриќ.

Овој оддел за интензивна нега беше планирано да почне со работа поодамна, но стартот се одложувал поради технички и административни проблеми. Директорката како една од причините за доцнењето ги наведе проблемите со поставувањето на нова компресорна станица. Компресорот до новата интензивна бил преку стари цевки за кои било потребна замена. Дополнително, според новото раководство, се чекало да се прибере целата документација за технички прием.

Одложувањето на почетокот со работа на новиот оддел на Детската клиника често беше искористуван за партиски препукувања. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати го критикуваше новото раководство дека неосновано не ги отвора вратите за пациентите на одделот за интензивна нега, што според партијата било причина за зголемување на смртните случаи на Клиниката.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството