Пункт за тестирање за коронавирусот се отвора во Шуто Оризари

Од:

Во поликлиниката во Шуто Оризари од следната недела ќе почне со работа пункт каде ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини веќе од понеделник, а тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена. На пунктот ќе се изработуваат по 30 теста дневно, а тестирањето ќе го врши лаборант, кој помина соодветна обука за земање брисеви за брзи тестови. Во Скопје досега имаше 6 пункта за брзи тетсови и тоа во поликлиникте во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали тој ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во куќа во Шуто Оризари пронајден е починат 43-годишен маж

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

СДСМ: Градоначалникот на Шуто Оризари сака да ја задолжи општината со осум милиони евра

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска