Непознато лице завчера вечер истрелало неколку куршуми од огнено оружје во возилото на Б.И. (24) од село Стајковци кој чекал на семафорите на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Маџари“.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 22 часот при што три проектили завршиле во возилото на Б.И.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.