Во парк шумата „Гази Баба“, во Скопје синоќа во 23 часот, поради нерасчистени должничко-доверителни односи настанала вербална расправија помеѓу Љ.Е.(20) од село Арачиново и В.А.(27) од Скопје, при што во еден момент В.А. од пиштол испукал еден-два куршуми и се дал во бегство.
Од пукањето повредени лица нема, извршен е увид на местото на настанот, подигната е чаура за вештачење, а В.А. е приведен во Полициска станица – Кисела Вода за целосно расчистување на случајот.