Пукање по расправија во угостителски објект во Тетово, едно лице е рането

Од:

Синоќа на 20 миниту по полноќ во угостителски објект во Тетово дошло до расправија по што едно лице извадило пиштол и испукало два куршуми, еден во воздух, а со другиот погодил лице од обезбедувањето.

Настанот се случил во угостителски објект на улица Дервиш Цара во Тетово во објект каде што имало жива музика. Околу 20 минути по полноќ женско лице почнало да крши чаши, при што од страна на обезбедувањето на објектот била отстранета надвор.

Во тој момент лицето И.А. (40) од Мала Речица станал од масата и започнал расправија со обезбедувањето, по што физички ги нападнал, а обезбедувањето и него го острание од објектот. Во моментот кога И.А. паднал надвор, извадил пиштол и се доближил до обезбедувањето, по што испукал еден куршум во воздух.

Од обезбедувањето се обиделе да го спречат, но тој испукал и втор куршум нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница на М.А., по што тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Тетово, а по укажаната помош бил испратен на домашно лекување.

Од страна на полицијата на лице место биле пронајдени две чаури од испукани куршуми, а од лицето И.А. бил одземен пиштол модел „57 ТТ црвена застава“ калибар 7.62мм, а тој бил приведен.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии