Кирил Псалтиров, советник од Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за кого лустраторите објавија дека бил кодош, вели дека останува лојален член на партијата.
Се сомнева во документацијата но не и во Комисијата за верификување на факти.
Псалтиров тврди дека никогаш не се согласил на соработка со тајните служби и дека нема никаков доказ за тоа. Никогаш , вели Пслатиров не добил ниту една главна улога, ниту една актерска награда, завршл со мизерна пензија од 7 и пол илјади денари.
Псалтиров најавува дека Решението на лустраторите ќе го обжали пред Управниот суд.