А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Првпат во Македонија со анализирање цел ген кај пациенти одреден ризик од потенцијални болести

by А1он08/03/2017 - 14:53100
Share0

На пет пациенти првпат во Македонија и на Балканот во лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во рамки на Специјалната болница „Филип Втори“ им е анализиран целиот ген со што однапред им се откриени потенцијалните ризици за развивање болести, како што се рак, срцеви заболувања, дијабетес, уште пред да се појават нивните први симптоми. Утврден е и нивниот одговор на стрес, одредени лекови, исхрана…

Добивај вести на вибер

Ова денеска го истакна Горан Кунгуловски од компанијата Био инжинеринг Доо, кој е раководител на лабораторијата. Посочи дека целата постапка чини 2.800 евра.

Тој на прес-конференција во болницата истакна дека првпат е направено секвенционирање на целосен човечки геном во Македонија и на Балканот. Нагласи дека не анализирале само геноми, туку и егзоми (дел од геномот кој е медицински најрелевантен и опфаќа само далови од гените кои кодираат за протеини).

– Секвенционирањето целосни геноми и егзоми е првиот чекор кон еден нов пристап во медицината кој се вика персонализирана медицина. За разлика од стандардната медицина која е реактивна, овој пристап е проактивен, односно однапред се откриваат потенцијалните ризици за развивање болести, рече Кунгуловски.

Иван Кунгуловски, управител и сопственик на компанијата, рече дека нивна интенција е во наредните неколку години да почнат проекти што ќе се викаат „1000 македонски геноми“ и „Геном за секое новородено бебе“, со што, како што истакна, персонализираната медицина ќе стане достапна за сите.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен