Првпат операции на дланка во Македонија

Од:

На Клиниката за ортопедски  болести во Скопје првпат се направени операции на дланка на пет пациенти. Операциите ги изврши турскиот  хирург Булент Озџелик заедно со македонски тим хирурзи, што претходно се обучуваа во Турција. За таква операција  досега пациентите беа испраќани во странство, каде една интервенција чини најмалку 25.000 евра.

– Првпат  се изведени коскени операции. Доктор Булент  ја донесе и целокупната опрема за да направиме артроскопско шиење на скинати лигаменти. Направивме нови типови коскени операции, со тоа што гаранцијата  после тоа е да имаат живот без болка, рече на денешната прес-конференција Синоличка Џамбазова, хирург од Клиниката за ортопедски болести и дел од тимот што престојуваше во Турција.

Оперираните пациенти се 23-годишна девојка, која решението за својот проблем со неможноста да ги исправи четвртиот и петтиот прст го барала 12 години низ клиниките во Скопје, двајца земјоделци со долгогодишна силна болка во рачниот зглоб, 38-годишен ѕидар со искинат лигамент и 30-годишна домаќинка.

Според Џамбазова, во Македонија нема  хирурзи за рака и  особена важна поддршката од Министерството за здравство затоа што  колегите од Турција биле безрезервно подготвени да помогнат во иднина за таква хирургија во Македонија.

– Особено за микрохирургија постојат специјални курсеви. Докторот вети дека ќе бидам дел од курсот во март и потоа ќе може се разбира со обезбедување соодветен микроскоп со помош на Министерството да можеме да работиме и  најтешки операции. Тоа значи реинплантација на ампутиран дел од екстермитети. Имаме многу трауми. И сега има пациенти што чекаат, рече Џамбазова.

Таа очекува по заминувањето на  доктор Булент македонскиот тим да почне да работи коскени операции,  како и микрохирургијата по завршувањето на курсевите во Турција по март.

Министерот за здравство Никола Тодоров укажа дека со интервенциите не само што се заштедени повеќе од 100 илјади евра, туку на пациентите им е овозможена нормална функција и живот без болка.

– Среќен сум  што оваа интервенција се прави првпат во Македонија, но и што има силен ентузијазам од доктор Синоличка Џамбазова да продолжи со едукацијата и да се воведе оваа метода во Македонија, што недостасува и за што има сериозна потреба, рече Тодоров.

Тој најави дека ќе се продолжи со дополнителните обуки на тимот кој ќе работи  хирургија на дланка.

– Очекувам во наредниот период, веројатно за година до година и половина да имаме комплетно обучен тим што не само што ќе извршува вакви интевенции, туку ќе може и да пренесува знаење на другите колеги во Макеоднија, рече Тодоров.

Престојот на хирургот од Турција, посочи, е во рамки на соработката меѓу Македонија и на Турција во областа на здравството.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство