Првпат на Македонец ќе му се трансплантираат бели дробови

Од:

Првпат на пациент од Македонија ќе му бидат трансплантирани бели дробови, дознава „Здравство 24“.

Големиот зафат ќе биде извршен кон средината на месецот во Виена. Станува збор за 16-годишно дете, кое со години е пациент на Клиниката за детски болести. Боледува од цистична фиброза, болест која предизвикува големи опструкции на органите за дишење. Средствата за трансплантацијата веќе се одобрени од Фондот за здравствено осигурување.

Според информациите на порталот, за обезбедување на органите од „Еуротрансплант“ до договарање на интервенцијата, лично била ангажирана директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, која воедно е и национален координатор за трансплантација. Дознаваме дека и ќе го придружува 16-годишното дете до Виена.

Во медицинската литература е наведено дека белите дробови ја снабдуваат крвта со кислород и го отстрануваат јаглеродниот диоксид. Пресадување на бели дробови им е често неопходно на луѓето со цистична фиброза или со емфизема, затоа што нивните сопствени бели дробови не можат да го снабдат нивното тело со доволно кислород.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски