Првото бебе во Охридско-струшкиот регион е женско

Од:

Во првата минута во Новата 2013 година, се роди и првото бебе во Охридско-струшкиот регион. Среќната мајка е Билјана Мартиноска од Струга која со царски рез на свет донесе девојче тешко 2, 6 килограми.

Породувањето се изврши во градската болница во Струга, каде веќе три години поради реновирање на охридската општа болница се породуваат и мајките од Охрид.

На среќната мајка Билјана ова и е второ дете.Мајката и детето се во одлична здравствена состојба информираат од струшката болница.Инаку во иминатава 2012 година во струшката болница се породиле рекордни 1.280 деца.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски