Првомајски марш на ССНМ – Останува неивесноста во новинарската професија

Од:

Сите новинари работат со прекршени работнички права, професијата е неизвесна, работат во нерегуилирани услови, поради што не може да се очекува регулирано новинарство.

Оваа порака ја испрати денеска претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Ѕвездан Георгиев на првомајскиот марш кој ССНМ го организираше заедно со Синдикатот на македонската дипломатска служба, Независниот академски синдикат и Синдикатот на културата.

Маршот ќе се оржа под мотото „На 1 Мај каде си? За свои права, на улица си“ на плоштадот „Карпошово востание“. Новинарите носеа транспаренти на кои беа напишани пароли „Пишувам за корка леб“, „Да за работа, не за ропство“, „Сиромаштија = цензура“…

-Никогаш не знаеш колку ќе те платат, колку плаќаат, никогаш не знаеш дали ќе те платат, а мораш да работиш. Се работи со договори на три месеци, шест месец, што ја продолжува неизвесноста на професијата, односно ги дисциплинира новинарите, се работи во медиуми кои се навикнати на работа во клиентелизам, во нерегуларни услови и тука не можеме да очекуваме регуларно новинарство, изјави Георгиевски.

Нагласи дека новинарите се уште во голема мера работат на хонорари без регулиран статус, без пензиско осигурување, без извесна иднина.

-Неверојатно е дека како новинари се уште немаме колективен договор, дури државата оди дотаму што практично и немаме со кого да го потпишеме тој договор, вели Георгиевски.

Додаде дека овој првомајски собир го сфаќа како симболичен начин уште еднаш да ја предупредиме јавноста или барем да станеме повидливи со нашите проблеми.

-Меѓутоа мислам дека треба да најдеме нови начини на борба, бидејќи ова досега не ни даде најдобри резултати. Се надевам дека нема да чекаме уште еден век за остварување на некои права и дека 1 Мај ќе биде она што треба да биде – празник на трудот, а не протест за правата за трудот, нагласи тој.

Сања Арсовска, претседател на Синдикатот на култура истакна дека нивните главни барања валоризација на стручните звања, донесување нов закон за култура и конечно по 14 години потпишување нов колективен договор во културата биле доставени до Владата уште лани, а од нив остварено е само првото.

Вели Синдикатот врши притисок за за новиот закон и за колективниот, а како преодно решение успеале да издејствуваат нивелација на платите во дејностите на културата, односно за исто работно место да се зема иста плата.

МИра Берек од Независниот академски синдикат истакна дека Закон за високо образование е донесен со цел да се реетаблира академската заедница и да се врати автономијата на универзитетите, но сепак нагласува дека документот не е профункционирал, се продолжува со нетранспаретно работење и неформирање студентски тела, нивно неучество во одлучувачките политики на универзитети, закочени статути.

Бараат и покачување на платите во високото образование, понудиле модел за интервентно прогресивно пресметување, го испратиле до министерот за образование Арбр Адеми и одговор очекуваат овие денови.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он