Првобранителот Мемети: МВР не нè убеди дека не ги дели граѓаните по етничка основа

Од:

По последниот случај на дискриминаторско однесување на граничните службеници на МВР кон актерката Емра Куртишова, на која вчера и’ беше забрането да отпатува во Германија од скопскиот аеродром, иако имала уредни документи, од канцаларијата на Народниот правобранител соопштуваат дека имаат голем број претставки од државјани на Македонија на кои им се забранува напуштање на територијата на државата.

– Случаите што ги водиме ние, а во кои сме констатирале повреда, загрижуваат од причина што не се изолирани случаи, туку се плашам оваа појава да не е системска. Во ниту еден од одговорите МВР, односно Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди не успеа да нè убеди дека постапуваат по закон и не ги делат граѓаните по етничка основа, со што им ја ограничуваат слободата на движење која е фундаментално право, изјави Народниот правобранител Иџет Мемети за Плусинфо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител