Прво рочиште за Шпанските скали, Јанакиески не разбира дел од обвинението

Од:

„Шпанските скали“ незиградени, без казнени камати, со оттуѓено земјиште, но и со судски процес во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Денеска се одржа првото рочиште за четирите атрактивни парцели на плоштадот „Македонија“ и на кејот на Вардар кои, според обвинителството, иако инвеститорите доцнеле со договорената градба, договорите не биле раскинати, а земјиштето не било вратено во државна сопственост.

Јанакиески пред судот се изјасни дека во „Шпански скали“ го гонат заради тоа што не раскинал договор додека пак во Топлик за Сончев град затоа што раскинувал договори. Тој рече дека дел од обвинението не го ни разбира.

Обвинителката Ивана Трајчева негласи дека токму тој како министер е одговорен и надлежен да склучува и потпишува договори со други лица и дека при водењето на постапката имал точен рок за одобрение за градење и за кој треба да се почне и заврши проектот.

– Поминати се 10 години, земјиштата се оттуѓени на физички и правни лица, ниту се почнати градбите ниту се плаќани камати, истакна Трајчевска.

Во предметот обвинети се и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром, правобранителката Емилија Радојкова, двајца нотари и уште петмина други вработени во Министерството за трнаспорт и врски, Катастар и сопственик на фирма.

Обвинетите се товарат дека склучиле договори за продажба на државно земјиште на кое требало да се изградат хотелски комплекси, а една од парцелите била наменета за изградба на Шпанските скали. Во 2018 година општина Центар го поништи одобрението за градба.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски