Првите елени сместени во новоизградениот репродуктивен центар на Националниот парк „Галичица“

Од:

Во Националниот парк „Галичица“ пристигнаа првите елени, сместени во репродуктивниот центар изграден специјално за таа намена. Во објектот со комплетна инфраструктура како карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници е предвидено зимава да бидат сместени 30 елени од кои 24 женки.

Оваа активност е дел од поширокиот проект за подобрување со управувањето на Националниот парк „Галичица“ преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и мониторинг, финансиран од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“. Програмата што опфаќа повеќе проекти низ целата земја изнесува 4,3 милиони евра, а ја спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Националниот парк „Галичица“, во рамки на проектот, со овие активности се грижи и за подобрување на управувањето со планинските тревести еко-системи со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. Репродуктивниот центар и елените ќе се користат исклучиво за активно управување на овие екосистеми, а не како ловиште.

Би можело да ве интересира

Спасени лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица

Успешно спасени две лица заглавени во снег на планината Галичица

Автомобил виси на карпа на Галичица, излетал од патот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Холандскиот параглајдерист со хеликоптер се транспортира за Скопје, ќе го преземе медицински тим

Предраг Петровиќ

Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк Галичица

Горан Наумовски

Спасени тројца што се загубиле на Галичица