Првиот синдикалец на „Саса“ е сменет по изјавата дека една бургија е повредна од рудар

Од:

Откако јавно проговори дека една бургија е поскапа од еден рудар во Саса, Сашо Јовановски не е повеќе прв синдикалец на рудникот. Сменет е на вонредно собрание, 20-ина дена по изјавата дека во јамите е како да играш руски рулет.

„Исто како да играме руски рулет во јамите, со четири-пет куршуми. Необезбедени се јамите. Русите ги интересира само производството на метал, другото не. Една бургија чини повеќе од еден рудар“, изјави Јовановски на почетокот од овој месец.

Јовановски обвинува дека зад неговата смена стои раководството на рудникот, тврди дека тоа е класичен пуч и дел од делегатите биле на вонредното собрание под притиск дека ќе останат без работа. Ситуација е дотолку е поапсурдна, што тој е сменет на вонредно собрание, иако два дена подоцна било закажано редовното. Вели дека не се плаши да биде сменет од функцијата, но бара институциите да го испитат случајот.

„ Сака да ме смени раководството на рудник „Саса“. Генералниот директор заедно со менаџерскиот тим, со подршка на дел од синдикалното собрание и уценување на дел од тие луѓе со притосоци и закани дека ќе останат без работа“, вели Јовановски.

Подршка на Јовановски му дадоа околу 300 рудари. Толку не се плашеа да се појават на синоќешното редовно собрание. И тие се жалат дека условите за работа во рудникот не се добри, а постојано се мета на различни притисоци.

„ Рударите не се плашат и ќе си ги бараат своите права“, „Нас не деградират секој ден. Ако работиш-работи, ако не оди си на улицата чекат уште многу. И ќе им текне одеднаш 15 % казна, притисоци и малтретирања има постојано. Па мислам да имаат палки ќе почнат и да не тепаат на работно место“, се жалат рударите.

Во „Саса“ за помалку од три години се случија шест несреќи. Ќерката на Младен Митревски, кој загина 2009-та во рудникот се уште бара одговор од институциите. Се прашува дали поранешните синдикални раководства кои молчеа за условите се по мерка на менаџерите.

„ Дали синдикалната организација на рудник „Саса“ и тогашното синдикално раководство, заедно со институциите знаеле под какви услови работат рударите и ако знаеле, зошто дозволиле мојот татко да биде на работно место, кое немало одобрен односно ревидиран проект од надлежниите институции“ вели Данила Митревска, ќерка на загинат рудар.

Раководството на „Саса“ ги отфрла обвинувањата од првиот синдикалец, не се мешале во работата на Синдикатот и тврдат дека Јовановски манипулира со рударите. Сепак рударите остануваат на ставот дека ако условите за работа не се подобрат во јамите на Саса ќе организират генерален штрајк.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река

Ана Ололовска

Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице и спроведување мерки по истекот на јаловиштето

Ана Ололовска

Рударот од „Саса“ со лесни повреди, тврди компанијата

Наум Локоски

Повреден работник во рудникот Саса

Наум Локоски

Заштитата на животната средина приоритет за рудникот Саса

Наум Локоски

САСА ќе стипендира студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Ана Ололовска