Прванов: Да и помогнеме Македонија да влезе во ЕУ и НАТО

Од:

Потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е добар прв чекор кон подобрување на односите меѓу двете земји, изјави поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов за Бугарската национална телевизија.

Прванов посочи дека треба да и се помогне на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО за стабилност на земјата и регионот, но дека е еднакво важно и Бугарија да ги реши сопствените проблеми со Македонија околу прашањето за заедничката историја.

– Имаме поволна атмосфера, каква што може да не се повтори во следните 20 години. Затоа треба да се движиме кон потпишување на договорот. Скептик сум дали договорот ќе го реши проблемот, но што и да е, и да не носи квалитет во споредба со декларацијата од 1999 година, договорот е навистина неопходен и треба да биде потпишан. Прашањето е друго, ние нема да го решиме проблемот со еден договор, нема да ги намалиме тензиите. Ни требаат години, децении работа. Ни треба јавен политички консензус, друга медиумска средина. Тоа се создава со многу контакти и со многу дијалог, изјави Прванов.

Нагласи дека основен проблем за Бугарија, кој треба да се реши во односите со Македонија, е заедничката историја. Како пример тој го посочи датумот на потпишувањето на договорот 2 август, кога, како што вели, почнало Илинденско-Преображенското востание. Според него, името на востанието значи дека се изедначува востанието во Тракија и Македонија, поради што е неопходен внимателен пристап на темата.

– Критериумот е во тоа што сме имале една национална самосвест, единствени национални цели и задачи. Тоа го објаснува националната борба, Илинденското востание, многу настани во нашата заедничка историја. Тоа не знам дали ќе го прифатат во Скопје. Таму има друга тенденција, изјави Прванов.

Георги Прванов беше претседател на Бугарија во периодот од 2002 до 2012 година.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море