Прва венчавка во Кочани по воведувањето на вонредната состојба

Од:

Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги од Кочани попладнево ја направи првата венчавка по прекинот од над два месеца по воведувањето на вонредната состојба во државата поради епидемијата од коронавирусот.

При венчавањето беа почитувани пропишаните мерки за здравствена заштита, односно во просторијата присуствуваа само младоженците, двајцата сведоци и матичарот, за кои беа обезбедени маски и средство за дезинфекција.

– Од почетокот на вонредната состојба, односно од 6 март досега немавме ниту еден склучен брак, така што веќе закажаните венчавки беа одложени. Во меѓувреме имаше барања за венчавка на лицата кои поради остварување некакви законски права, заминување во странство или по други основи имаа потреба да склучат брак, па им дадовме приоритет. За оваа и за наредната недела веќе имаме евидентирано неколку пријави за венчавање и тие ќе бидат реализирани според распоредот што веќе се изготвува, истакна Косте Вучков, матичар во подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги од Кочани.

Според Вучков, прекинот во регистрирањето бракови бил најдолг досега, со оглед што никогаш досега не се случило да нема најмалку две венчавки во текот на една недела.

Од увидот во евиденцијата на подрачната матична канцеларија може да се утврди дека просечно годишно во Кочани се склучуваат по околу 300 бракови, а од почетокот на оваа година досега имало само четириесетина венчавки. Со оглед што и понатаму остануваат препораките и мерките за заштита од Ковид-19, најверојaтно бројот на регистрирани бракови во општината ќе биде преполовен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот