Прва средба помеѓу Заев и Ципрас

Од:

По засилената динамика за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција, полето на преговори за решение на спорот за името ќе се префрли и во Давос, каде што Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска во 15 часот ќе ја имаат првата средба.

Изминатиов период и двајцата премиери даваа изјави во кои изразија оптимизам дека решението на спорот за името е можно уште во првата половина на оваа година.

Ципрас неодамна изјави дека смета оти годинава се отвoра прозорец на можности за решение и дека е потребно да се донесат одлуки. Според Ципрас, 2018 е важна година за Грција не само затоа што по цели осум години, конечно, излегува од меморандумите туку и поради тоа што истовремено се отвора еден важен прозорец на можност за решавање на името. „Убеден сум дека сега е дојдено време да ги донесеме неопходните одлуки за да ја оправдаме улогата на Грција како водечка сила на Балканот, но и како столб на стабилност во поширокиот регион“, рече Ципрас.

Во интервју за „Етнос“, пак, Ципрас наведува: „Повеќе од 25 години нашите соседи се признати како Република Македонија од многу земји во светот, а ние насекаде се бориме сите да ги нарекуваат ФИРОМ. Не е неразумно терминот Македонија да биде вклучен во новото име за земјата“.

Заев пред четири дена изјави дека верува оти помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поголеми пријатели, ќе се изнајде решение во кое ќе се сочува достоинството на двете страни и буквално ќе биде придобивка за иднината на граѓаните на двете земји.

„За суштината на предлозите, на разговорите, на рамката што е испорачана, не би требало јавно да зборуваме, да не ги уништиме шансите на преговорите. Гледате дека се води транспарентен процес, знаете дека сакаме со национален консензус да го изградиме решението на ова прашање и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат. Јас сум убеден дека ако бидеме внимателни, ако водиме грижа дури и за грчката страна, а грчката страна да води грижа за нашата страна, верувам дека ќе се изнајде решение за ова прашање што веќе 25 години нè измачува, пред сè, нас, граѓаните на Република Македонија“, рече Заев во саботата.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина