Прва средба на Синдикатот на УПОЗ со новиот министер за правда

Од:

Потребата од измени на Законот за судска служба, решавање на недостигот на кадар во јавните обвинителства и прашањето за бенифициран стаж на вработените во казнено-поправните установи се прашањата кои денеска ги покренал Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) на првата средба со новиот министер за правда.

Од Синдикатот изразија задоволство од средбата со новиот министер од кого, како што изјавија, добиле ветување за унапредување на соработката.

– Побаравме од министерот да се заложи за враќање на украдените пари за време на штрајкот на вработените во судската служба односно казната што ја доживеаја од страна на претседателот на Судскиот совет бидејќи незаконски им беа одземени. Побаравме и реализација на решенијата кои ги добија вработените во судската служба од 10 проценти за април кои им беа ветени од страна на Судскиот совет, а не беа реализирани, изјави претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски по средбата.

Тој додаде дека добиле ветување од министерот за унапредување на соработката во иднина и дека како социјални партнери ќе соработуваат при носењето на законите коишто се во интерес на вработените од правосудството.

Одговарајќи на новинарско прашање за новоформираниот синдикат за администрација во рамки на Сојузот на синдикати на Македонија, Грујовски оцени дека се работи за обид на претседателот на ССМ да го разедини синдикалното движење.

– Многу е лесно да формирате синдикат и да го запишете во Централен регистар, но што ќе понудите, тоа е веќе друго прашање. Ова е начин на Живко Митревски да го разедини синдикалното движење, рече Грујовски.

Би можело да ве интересира

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски