Прва награда за студенти на ФЕИТ на натпреварот ICAMES во Истанбул

Од:

Петмина студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) освоија прво место на натпреварот ICAMES 2018 (International cultural and Academic Meeting of Engineering Students), организиран од Универзитетот Богазичи во Истанбул.

ICAMES претставува меѓународен натпревар за инженерство и култура на кој учествуваат студенти од речиси сите континенти во светот и 23 години, традиционално, го организира Универзитетот Богазичи во Истанбул. Годинава се одржуваше од 4 до 10 мај.

Ангела Попова, Ангела Најдовска, Илија Ивановски, Ведран Симовски и Виктор Рудан, под менторство на доц. д-р Живко Коколански, изработија проект, симулација од областа на енергетска ефикасност за зградата на ФЕИТ која ги интегрира конвенционалните и обновливите извори за енергија.

– Симулацијата е изработена во графичкиот програмски јазик LabVIEW и користи реални податоци од консумацијата на енергија на зградата на ФЕИТ за формирање неколку сценарија за заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност, објаснува доц. д-р Живко Коколански.

Проектната задача на наградените студенти се однесува на анализа на енергетската ефикасност на зградата на ФЕИТ според неколку релевантни критериуми: интеграција на обновливи извори за енергија, енергетски ефикасна фасада, намалување на врвна ангажирана моќност, енергетски ефикасно осветлување и друго. Овие критериуми се имплементирани во симулација која користи реални податоци и работи во реално време. Податоците се добиени од системот за менаџирање на енергија на ФЕИТ, кој непрекинато собира информации веќе две години. Во зависност од соодветниот критериум симулацијата предвидува намалување на расходите по основ на електрична енергија, и претставува добра основа за понатамошни истражувања кои дипломците и магистрантите на ФЕИТ може да ги искористат.

Натпреварот, каде вообичаено учествуваат околу 100 студенти од 20 различни земји, се реализира во три категории, односно конкретен проект, симулација и концепт, но се доделува и една тематска награда, која годинава беше „Зелена енергија“. Покрај официјалниот натпревар, се организираат и голем број социјални настани за интеркултурално зближување.

Според деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски наградата е доказ за одличните услови за практична и теоретска работа на Факултетот за елекротехнички и информациски технологии.

Годинава на ICAMES 2018 партиципираа околу 70 учесници од 18 земји од светот, меѓу кои и Канада, Колумбија, Египет, Италија, Бангладеш, Украина, Индија, Македонија и други.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар