Прва меѓународна научна конференција „Филко“ на Филолошкиот факултет во Штип

Од:

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип заедно со Филолошкиот факултет од Воронешкиот државен универзитет од Русија денеска и утре организираат прва Меѓународна научна конференција „Филко“ – Филологија, култура и образование.

Деканот на Филилошкиот факултет од Штип Драгана Кузмановска истакна дека целта на конференцијата е да разменат искуство и знаење од областа на јазикот, литературата, културата и образованието.

– Денес на едно место се собраа видни стручњаци од овие области и со своите трудови ќе дадат придонес во однос на науката, изјави Кузмановска.

Деканот на Филолошкиот факултет при Воронешкиот универзитет во Русија, Олга Бердникова, рече дека за нив е приоритетно изучувањето на словенските јазици.

– Имаме специјална голема катедра за словенска филологија, кај нас се изучуваат полскиот, чешкиот, бугарскиот, српскиот јазик, а веќе имаме и група студенти кои го изучуваат македонскиот јазик. Постои културна програма на размена на студенти, претходно патуваа во Полска и Чешка, а сега се надеваме дека ќе патуваат во Србија и во Македонија, затоа што тоа е наш приоритет, рече Бердникова.

На првата Меѓународна научна конференција на штипскиот Филолошки факултет со научни трудови од областа на филологијата, културата и образованието ќе учествуваат унивезитетски професори од  Македонија, Бугарија и Русија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза