Прв „Вики-камп“ во Македонија

Од:

Во преспанското село Брајчино изминатиот викенд се одржа првиот „Вики-камп“ во организација на Споделено знаење – Викимедија Македонија, огранокот на светската Викимедија фондација во Македонија.

На кампот учествуваа 15 млади луѓе од повеќе градови во Македонија, кои преку меѓусебно запознавање и дружење имаа можност да се запознаат и да бидат обучени за уредување на статии на Википедија на македонски јазик, прикачување и лиценцирано подигнување на слики на Заедничката ризница (Commons Wikimedia). Стана збор и за начинот на спроведување на експедициските теренски истражувања од областа на географијата, природата, земјоделството, културното наследство, архитектурата и археологијата при што се остварени посети на преспанските села Брајчино и Љубојно и нивната околина каде се направени 160 фотографии, кои се достапни за слободна употреба.

„Споделено знаење-Викимедија Македонија“ за идната година планира одржување на два Вики-кампа во текот на пролетта и есента во различни делови на Македонија и работилници и предавања во повеќе градови.

Би можело да ве интересира

Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради „ширење дезинформации“

А1он

Википедија – диносаурусот на некомерцијалниот интернет, одбележува 20-годишнина

Ана Ололовска

Википедија ќе добие нов дизајн

Ана Ололовска

Турскиот Уставен суд одлучи во корист на Википедија

Татјана Ташкова

Македонско-бугарска интернет војна на „Википедија“ за Гоце, Даме и Сандански

Мери Јордановска

Основачот на Википедија повикува на бојкот на социјалните мрежи

Ана Ололовска