На Скопски саем од утре до 16 јуни ќе се одржи Првиот Outlet Саем на кој ќе може посетителите на едно место да најдат се за реновирање, реконструирање, градење, уредување, преуредување и разубавување на своите домови, градините и дворовите.
Карактерот на Саемот е поинаков од останатите саемски манифестации кои ги организира Скопски саем и како новина тој претставува саем со исклучително продажен карактер.
Манифестацијата ќе се одвива на 7.000 метри квадратни внатрешен изложбен простор во три хали и целокупниот надворешен простор со повеќе од 60 штандови. Ќе бидат понудени дневни соби, спални, трпезарии, кујни, детски соби, гарнитури, лежаи, кревети за бебиња, ормари, комоди, ТВ витрини, основи за дупеци, теписи, паркети, ламинантни подови, АД ѕидни панели, телевизори, врати, туш кабини и кади, осветлување и електрика, климатизација, опрема за домаќинство…
Од Скопски саем очекуваат 50.000 посетители. Влезот е бесплатен, а за посетителите Скопски саем ќе приреди и наградна игра.