Прв настан од новиот проект на МКЦ за промовирање млади таленти

Од:

Младинскиот културен центар утревечер ќе го организира првиот настан од новиот проект „Сирова култура“, кој го почнува со идеја на младите и талентирани уметници да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела.

Еднодневни настани од овој проект ќе има неколку пати годишно, со повик за аплицирање и учество на кандидатите што ќе бидат избрани.

На првиот повик пристигнале 60 апликации, од кои тимот на МКЦ селектирал дваесетина, чии дела ќе може да се видат утревечер од 20 часот во Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“