• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Прв косовско-македонски безбедносен форум во Приштина за регионалната соработка и реформите

by А1он10/12/2018 - 10:59312
Share0

Во наредните два дена на ААБ Универзитетот во Приштина ќе се одржи Првиот Косовско-македонскиот безбедносен форум 2018 година на тема „Зајакнување на безбедноста преку соработка помеѓу Косово и Македонија”, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер” за Косово и Универзитетот ААБ.

Добивај вести на вибер

На отворањето на форумот официјален говорник ќе биде универзитетскиот професор Стево Пендаровски национален координатор на Република Македонија за членство во НАТО, како и Агим Нухиу заменик министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Бурим Рамадани заменик министер за безбедносни сили на Република Косово, претставници на Фондацијата „Конрад Аденуаер„, Факултетот за безбедност-Скопје и ААБ Универзитетот како и претставници од академската заедница и безбедносните институции на Република Македонија и Република Косово. Од страна на Продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје Марјан Ѓуровски ќе биде промовирана заедничка публикација Студија на случај за регионалната безбедноста соработка меѓу двете земји која ќе биде издадена на македонски, албански и англиски јазик.

Во Косово ќе се организираа настан каде ќе дебатираат на едно место академската и стручната јавност и воедно од професори од Република Косово, Република Македонија и од Босна и Херцеговина ќе се детектираат механизми со кои двете земји ќе се справуваат со заедничките безбедносни ризици и закани.

Теми на форумот се: реформи во безбедносниот систем, заканите од тероризам и странски борци, како и нивната ресоцијализација и безбедносната дилема, и промените на границите за создавање на етнички „чисти“ држави или управување со малцинските права.

Македонија и Косово прво треба да имаат функционална безбедност за да можат да имаат и регионална стабилност, да придонесуваат кон операциите за поддршка на мирот и да се интегрираат во евроатлантсклите и европските институции.

Во рамки на проектот се спроведе анализа и истражување во три области кои се однесуваат на концептот на безбедноста во двете држави, реформа на безбедносниот сектор, закани од тероризам и странски борци,ресоцијализација, дерадикализација и зголемување на безбедноста преку политиките за правата на малцинствата и опасност од промена на границите во регионот.

Анализите ќе бидат презентирани на заедничка конференција во рамки на Косовско-Македонскиот безбедносен форум 2018 кој треба традицонално секоја година да се одржува со поддршка од фондацијата „Конрад Аденауер”.

За првиот безбедносен Форумот на Косово и Македонија посебната публикација студија на случај со автори од двете држави која ќе биде промовирана на Форумот.

Безбедноста на државата, вклучително и нејзините граѓани, економија и институции, ги опфаќа, покрај активностите на други држави, и дејствијата на насилните не-државни актери. Генерално, поимот безбедност се однесува на безбедноста на една држава од закани, како што се тероризам, војна или шпионажа.

Потенцијалните причини за национална несигурност вклучуваат активности на други држави (на пример, воен или кибер напад), насилни не-државни актери (на пример, терористички напад), организирани криминални групи, како што се нарко-картели, но и последиците од природни катастрофи (на пример, поплави, земјотреси).

Зајакнувањето на безбедноста на Косово и во Македонија позитивно ќе влијае врз добро владеење и ќе има витално значење за надминување на последиците од различни конфликти во двете земји и за спречување на повторни појави на насилни инциденти и терористички акти. Безбедноста и мирот се јавни добра и општеството во целина, како и поединците во него, имаат полза од подобрувањето на безбедноста. Без неа, тие нема да успеат во воспоставувањето и оддржувањето на владеењето на правото, обезбедувањето на општествен развој и економски пораст и заштитата на нивните млади демократии.

bezbednostkosovomakedonija-kosovo

Би можело да ве интересира

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он07/01/2026 - 15:53

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 16:12

Три лица преку ноќ исчезнаа во Косово – полицијата детално истражува

Горан Наумовски29/11/2025 - 17:4729/11/2025 - 20:53

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот

Горан Наумовски20/11/2025 - 15:04

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

Горан Наумовски16/11/2025 - 20:5616/11/2025 - 21:05

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп идната година

Катерина Ѓуровски04/11/2025 - 11:3104/11/2025 - 12:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен