Прскање против комарци во Охрид и Дебарца

Од:

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство утре ќе врши авионско запрашување против комарци на територијата на општина Охрид.

Општина Охрид и Центарот за јавно здравје информираат дека запрашувањето ќе се реализира од 5 до 8:30 часот на охридска територија, од селото Подмоље до Свети Наум на површина од 1.500 хектари. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Поради наезда од бели пеперутки, Центарот за јавно здравје најави дека од вечерва до недела ќе се врши дезинсекција. Според директорот на Центарот Атанаско Михаилов, се работи за прскање од земја против комарци и пеперутки. Прскањето ќе се врши со амортизер со подвижно возило и со моторни пумпи.

Екипа на Центарот за јавно здравје – Охрид вечер ќе спроведе теристичка (земјена) дезинсекција за уништување на комарците и на територијата на општина Дебарца во период од 20:30 до 6 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на општината, подрачјето на реката Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Поради авиозапрашувањето и земјеното прскање општините Охрид и Дебарца ги известуваат пчеларите да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

Би можело да ве интересира

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра