Протоколот ќе се крие додека не се објасни преговарачката рамка, а во него се обврските на Македонија кон Бугарија поради кои може да не блокира

Од:

Протоколот се крие, иако е дел од пакетот кој треба Владата да го одобри заедно со прифаќањето на францускиот предлог. Владата посочува дека тој не е дел од преговарачката рамка бидејќи во нејзе не е експлицитно наведен со името „протокол“. Но, доколку се види позицијата на ЕУ, изразена преку документот објавен од Владата, јасно стои дека протоколот е вклучен преку членот 12 од Договорот за добрососедство. Ова би значело дека тој формално е билатерален документ, но е дел од преговарачката рамка, што за Владата беше неприфатливно и поради неговото вклучување кажа „не“ на т.н. прв француски предлог. Преку протоколот и било какво негово вклучување во преговарачката рамка, од решавањето на историските прашања ќе зависи македонската интеграција во ЕУ.

„Во таа насока, го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој Договор“, стои во заклучокот на позициите на ЕУ, додека во преговарачката рамка се посочува дека напредокот на преговорите ќе биде воден и од: „…Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за нејзино ефективно спроведување според неговиот член 12“.

За да се видат точните обврски од протоколот со кој Бугарија го условуваше кревањето на ветото, „А1он“ го побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи и Владата. Но, и по четири обиди, не го доби.

„Планирав да го објавиме денеска, но видов дека од вчерашниот брифинг останале многу неразјаснети работи па моравме прво тие да ги објасниме инаку ќе се измешаат уште повеќе. Утре, максимум задутре, ќе го објавам“, вели министерот Бујар Османи за „А1он“ откако трипати го побаравме протоколот.

Она што засега официјално е познато дека од протоколот произлегува обврската за уставни измени, менување на учебници, натписи на споменици, а се уредува и говорот на омраза во медиумите, но и на социјалните мрежи.

„Пакетот има европски дел и билатерална компонента. Билатералната компонента од протоколот, тој не е веќе дел од европскиот пакет, туку е билатерален со Република Бугарија. Но не дел од овој процес за Бугарија да даде согласност на пакетот. Тој е усогласен протокол. Се разбира усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи но треба да го одобори Владата, а Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет. Ако Владата донесе одлука дека го одобрува пакетот, можам да организирам средба на меѓувладината комисија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Тоа би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка“, кажа вчера Османи.

Во протоколот, според неофицијални информации, Македонија ќе ги исполнува желбите на Бугарија. Но, во него нема никаква гаранција дека Македонија нема да биде повторно блокирана во патот за пристап кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

Орце Костов

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

Орце Костов

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

Орце Костов