ВИДЕО: Протоколот презентиран но новинарите не го добија на увид – ова е објаснување за спорните точки

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го презентира потпишаниот Протокол со Бугарија, кој денеска беше потпишан во Софија. Протоколот не им беше даден на новинарите туку само презентиран на видео бим од страна на Османи, кој на прашање на новинарите кога ќе го видиме документот, тој информираше дека целиот текст на Протгоколот ќе биде објавен во текот на денот, во ист момент со бугарското МНР.

Во однос на спорните делови од договорот за кој ќе треба да расправа заедничката комисија, Османи потенцираше:

– Ние имаме обврски и рокови согласно Договорот за пријателство што сме го потпишале, но како политика нема да се мешаме во работата на Комсијата за историски и образовни прашања. Се што ќе одлучат заеднички, ќе претставува обврска да двете страни – рече Османи.

Сепак потенцираше дека доколку комисијата донесе некоја одлука Владата ќе има обврска да ја спроведе, и ако не ја спроведе тоа може да се толкува како неприменување на договорт за добрососедство, но нагласи дека има потполна доверба во комисијата и нејзината автономност и стручност.

На прашње од А1Он, Доколку комисијата не успее да донесе одлука дали тоа може да се толкува како неисполнување, Османи потенцираше дека во рамки на процесот нема рокови за исполнување, но сепак неможе да знае дали Бугарија во иднина може да кочи, може и секоја друга земја, дури и да не потенцира за што, да каже пример не сум задоволна од земјоделските реформи, а всушност да кочи поради друго.

Како што истакна тој, досега има само една препорака од Комисијата за измена на учебници, која треба да се имплементира. Во протоколот е предвидено во 2023 и 2024 година да се чевствуваат заеднички договорени датуми и личности од историјата, но по одобрувањето од комисијата, нагласи Османи и рече дека досега има една препорака од тој тип. Значи ние ќе го имплементираме само она што комисијата ќе го договори, тогаш усогласеното од комисијата доаѓа во институциите кои потоа треба да го спроведат.

– Мешовитата комисија треба да се состанува и да решава, а не како досега се нема состанато од 2019 година, и во протоколот се вели дека комисијата е охрабрена од двете држави за една година да го заврши средниот век, велам охрабрување, а не задолжување“, нагласи Османи.

Во однос на говорот на омраза, како што објасни, тоа се однесува на омаловажување на одредени лица или групи врз повеќе основи и караткеристики, а што води кон насилство, и тука има реципроцитет и тој додаде дека се однесува и на институции, книги, учебници, на разна продукција, и дека ова е предвидено и во нашето законодавство и сега.

– Идејата е со државни пари двете држави да не финансираат филмови или каква било продукција, ако има говор на омраза во неа. Владите ќе преземат ефикасни мерки во тој случај во смисла на алармирање на институции. Приватните субјекти само ги обесхрабруваме. Говорот на омраза е вграден во нашето законодавство и тоа е многу важно прашање во односите на двете земји – нагласи Османи и категорично како неоснована ја отфрли новинарската забелешка дека тоа значи цензура.

Во однос на квалификациите од типот „фашизам“ дали тие ќе се водат под говор на омраза, рече дека тоа е во доменот на оценките и препораките на Мешовитата комисија, а не на владите. Ова се прави за да се промени реториката која води кон насилство, Бугарија имаше пример кога притвори човек кои имал говор на омраза при несреќата со македонскиот автобус во Бугарија пример. Исто така треба да се реагира и доколку се има изјави кои алудираат на територијални претензии во смисла на етнички граници или слично, рече Османи.

– Во случаи на територијални претензии и аспирации ќе се реагира, еден таков пример имаме во учебникот од седмо одделение – рече Османи.

На прашањето каде е реципроцитетот во однос на малцинствата, односно Македонија ќе вгради Бугари во Уставот, а Бугарија не признава македонско малцинство, Османи рече дека бугарскиот устав не препознава етнички заедници, како и францускиот устав на пример. Притоа нагласи дека веќе Македонија презела обврска во 2017 година дека нема да презема активности кои ќе значат мешање во внатрешните работи на други земји во однос на малцинствата. И тоа е така.

Во однос на македонскиот јазик, тој додаде дека досега воопшто го немало во ЕУ, а сега ќе го има. Притоа, посочи дека договорот со Фронтекст ќе биде потпишан на македонски јазик. Протоколот е потпишан на бугарски и на македонски јазик, односно се користат формулациите – согласно уставите на земјите.

–     За билатерални односи го имаме затворено јазикот со Бугарија, македонски и бугарски јазик согласно Уставот, а битката бугарскиот став да не стане европски став ја добивме, нема фусноти, додавки… – рече Османи.

Тој додаде дека по бугарското вето пред 3 години не сме можеле да добиеме се, но, како што истакна, сме добиле 3 битни позиции, најважни за нас.

-Добивме чист јазик, историските прашања да не бидат услов во преговорите и тие да почнат веднаш, а Бугарија доби одржување на втора конференција откако претходно ќе се направат уставни измени – посочи Османи.

Според него, многу полесно ќе ги решаваме недоразбирањата со Софија додека сме дел од процесот во ЕУ, отколку да останеме надвор и да чекаме некои подобри времиња.

„Во вторник не само што почнуваат преговорите, не само што ќе има класична прва меѓувладина конференција, ќе има отворачка изјава. Почнува скринингот истиот ден, еве ова прво го кажувам. Скринингот почнува истиот ден попладнето. Од тој момент почнуваат да се бројат деновите до членство. Од тој момент почнуваат поглавјата, експертите од ЕУ да влезат во нашите институции, да го направат скринингот“, рече Османи.

На прашањето зошто има тогаш втора владина конференција и дали тоа значи во вторник фотографирање, а многу подоцна, по измени во Уставот, преговори, Османи негира и рече дека решение е најдено со кое се заштитува македонскиот државен интерес.

– Ќе најдеме политичка волја да се внесат етнички заедници во Уставот, на местото каде има итн, ќе се внесат Хрвати, Црногорци и Бугари – нагласи Османи.

Протоколот сè уште не е објавен, со уверување од министерот дека тоа ќе се случи до крајот на денот, во исто време со бугарското МНР.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on