Протокол за влез на амбасадорите во државава

Од:

Владата на денешната седница го прифати Протоколот за влез на странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства. Според препораките од Главниот координтивен штаб, амбасадорите при влез во држвава треба да бидат спроведени во задолжителна контролирана самоизолација.

Воедно од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерства и другите органи на државната управа, се изземени вработените во Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, со цел работното време за вработените лица во овие институции да биде осум часа, а надоместот за извршена прекувремена работа да биде исплатен по изминати осум часа работа.

На последната седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација на активностите за спречување на внесување и ширење е донесен и заклучок надлежните институции да ја разгледаат можноста за лицата кои треба да бидат вратени од Република Италија преку хуманитарен лет, да се продолжи рокот од 14 дена за задолжително спроведување во државен карантин и да биде намалку 21 дена. Лицата треба да бидат сместени во еден објект кој ќе биде под постојан медицински и безбедносен надзор.

Според препораките, Министерството за здравство, во соработка со Град Скопје, треба да утврдат список и број на здравствени работници кои треба да користат превоз за работа во трета и четврта смена, со цел да се воспостави организиран превоз на одредени пунктови од страна на ЈСП.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата